Илинденски марш

Коњаниците тргнуваат за Крушево

27.07.2022 18:45

Во пресрет на Илинден почнува 44. традиционален коњички марш. Коњаниците од Општина Аеродром тргнуваат за Крушево...

Во пресрет на големиот национален празник Илинден, 27 коњаници од Горно Лисиче со дефиле го започнаа 44-от традиционален Илинденски марш. На неколкудневното патување во спомен на илинденците на коњ јава и единствената девојка меѓу коњаниците Ели Апостоловска.

Гордост и чест е да се организира Илинденскиот марш вели еден од организаторите. Не е лесно, одговорноста е голема, но споменот на илинденците мотивира вели Гоце Трпковски.

На неколкудневното патување коњаниците ги испрати и градоначалникот на Општина Аеродром, Муцунски.

Сите коњаници од различни делови на земјава се соединуваат на 31- ви јули над Крушево.

Миле Ристески