МВР

Санкционирани 205 возачи за брзо возење низ државата

28.07.2022 10:35

17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возила се движеле со дури над 70 километри на час. При тоа 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 119 надвор од населено место...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 205 возачи.

Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возила се движеле со дури над 70 километри на час. При тоа 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 119 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.