Ново Кримско сценарио?!
Дали одново се реализира Кримското сценарио? Првиот батаљон на украинската Националната гарда го напушти Киев, откако претседателот Турчинов го потпиша указот за напад на проруските парамилиции.
„Антитерористички акции почнаа во северниот дел на Доњецк. Се ќе се одвива внимателно и одговорно. Целта на овие напади е да се заштитат граѓаните на Украина и да се запре теророт“, вели Александар Турчинов привремен претседател на Украина.

Тој информираше дека акцијата ќе има неколку фази. Наспроти ова распоредување, се засилуваат позициите на проруските демонстранти. Се поставуваат барикади. Во повеќе градови се формираат единици за самоодбрана.
„Гледајте, тие доаѓаат од сите страни, сакаат да се повлечеме, но ние нема да го сториме тоа“, изјави проруски демонстрант.
Русија и САД со меѓусебни обвинувања, кој ги поттикнува немирите. Обама и Путин, во телефонски разговор изразиле крајна загриженост, но не ги менуваат ставовите.
„Русија треба да ги повлече војниците од Украинската граница. Состојбата може многу лесно да ескалира. Украинските власти имаат право да ги спроведат законите и ние ги подржуваме во тоа“, ијзави Кетрин Ештон.
Рускиот премиер Медведев напиша на Фејсбук дека во Украина повторно ќе се пролева крв.
Марија Петковска