Kina
Вухан: Поради четири случаи на ковид, милион жители повторно во карантин
28.07.2022 11:23
На жителите им беше наредено да останат во затворени простории три дена откако беа откриени четири асимптоматски случаи на ковид. Затворени се местата за забава, туристичките атракции и верските објекти. Јавниот превоз е суспендиран...

Речиси милион луѓе од предградијата на Вухан, градот каде што за прв пат беше откриен коронавирусот, се ставени во карантин. На жителите им беше наредено да останат во затворени простории три дена откако беа откриени четири асимптоматски случаи на ковид. Затворени се местата за забава, туристичките атракции и верските објекти. Јавниот превоз е суспендиран.
Кина сè уште се држи до својата стратегија „нулта ковид“, која вклучува масовно тестирање, строги правила за изолација и локални заклучувања.
