Повторно победнички почеток
Откако стигна до полуфиналето на минатонеделниот турнир во Шарм Ел Шеик, македонскиот тенисер Томислав Јотовски почна победнички и на вториот настап во египетското монденско место. Тој денеска го совлада Црногорецот Милош Секулиќ со 2-1 во сетови. Првиот го доби со 6-3, вториот му припадна на противникот во тај – брејк, а во решавачкиот дел од мечот Јотовски беше сигурен и на 736-от тенисер на АТП листата му препушти само еден гем.

Во второто коло на турнирот, нашиот претставник ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу домашниот тенисер Карим Хосам и Сириецот Исам Хаитам Тавел.