Македонија

Во Прилеп гром запали четири куќи

28.07.2022 12:44

Удар од гром предизвика пожар во Прилеп. Беа зафатени неколку куќи. По интервенцијата на противпожарните екипи огнот бил целосно изгаснат. Има повредени пожарникари...

Удар од гром донесе голема трагедија за четири прилепски семејства. За момент им ги изгоре домовите. Сведоштвата се потресни, зашто трагедијата ги фати на спиење. За среќа нема повредени. Животите, велат, им ги спасиле соседите кои го виделе громот и веднаш реагирале.

Гаснеле 10 возила со 17 пожарникари. Но, чекале да се исклучи струјата, што не било првпат. Беспомошните семејства, на работ сиромаштијата молат и апелираат за помош.

Локалните власти најавија помош и привремено сместување. Апелот за помош на погодените семејства е отворен.

Елизабета Митреска