Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?
Дегустација на домашна локална храна од охридскиот регион, како и едукација за органската храна, традиционални преработени производи и рачно изработени уникатни сувенири е само дел од понудата на настанот „Вкусете го Охрид! … Локално“ во организација на Слоу фуд од Охрид...
Расте бројот на позитивни, смртни и хоспитализирани случаи со Ковид-19 во македонските болници. Засега нема најави за нови мерки. Амбулантите на матичните лекари се полни со пациенти. Епидемиолозите велат не е време за опуштање.
Дегустација на домашна локална храна од охридскиот регион, како и едукација за органската храна, традиционални преработени производи и рачно изработени уникатни сувенири е само дел од понудата на настанот „Вкусете го Охрид! … Локално“ во организација на Слоу фуд од Охрид.
Како настанот ќе придонесе за промоција на локалниот биодиверзитет на храна, но и малите производители и како ќе ги следи современите трендови во гастрономијата е темата на која разговараме со проф. Ангела Василевска.
На тема музика во живо од Охрид ви ја откриваме агендата за седмото издание на најголемиот фестивал на електронска музика „Охрид колинг“ на кое се очекува рекордна посетеност од домашни, но и гости од целиот свет. Во живо од Скопје, пак колешката Елизабета Кузмановска проверува каков е интересот на публиката за фестивалската понуда на 43-то издание на „Скопско лето“.
Во пресрет на Илинден, здружението на велосипедисти „Маседониан бајк рајдерс“ организира велосипедска тура до манастирот Прохор Пчински и посета на меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. Деталите ги дознаваме од Горан Богоевски.
„Македонија наутро“ почнува во 06:45.
