И Омејер и Акамбре во ПСЖ
Голманот Тјери Омејер и десниот бек Вилијам Акамбре ќе бидат новите две суперзасилувања на Пари Сен Жермен, објави денеска францускиот клуб“. Двата носитела на играта на Монпелје и на француската ракометна репрезентација наесен ќе го облечат дресот на „светците“ од престолнината. Омејер ќе потпише двегодишен договор, а Акамбре ќе ги брани боите на се уште актуелниот француски првак до јуни 2017 година.

Квалитетниот состав од Париз ќе може во вистинска смисла на зборот да го носи епитетот „дрим тим“, иако и фондот на играчи со којшто моментално располага може да се смета за крем на европскиот ракомет. Сепак, годинава ПСЖ е далеку од очекуваното ниво. Во Лигата на шампионите е во друштвото на осумте најдобри и има реални шанси да го мине Веспрем и да се пласира на завршниот турнир во Келн, но неочекувано има проблеми во домашното првенство, каде што има мали изгледи да ја одбрани титулата во трката со Данкерк и со Монпелје.
Голманската позиција кај ПСЖ според сите проценки беше најтенка, само со Аноне и со Сиера. Доведувањето на Омејер ќе значи максимално зајакнување на тимот, којшто и онака во поле има големи ракометни имиња како Хансен, Нарсис, Абало, Вори, Копљар, Гојун...