Македонија

Прекината потрагата по Мартин, ќе се чека морето да го врати на копно

28.07.2022 14:22

Потрагата по Мартин Јовановски кој исчезна во морето во Грција кај Посиди прекинува. Но, случајот нема да биде затворен. Грчката организација ОФКАТ информира дека за жал и по 20 дена потрага од море, копно и небо, напорите на спасувачите се неуспешни.

„Мартин не припаѓа на морето, Мартин припаѓа на копното и мора да се „врати“ таму во одреден момент. Да го оставиме морето неколку денови да ја заврши „работата“ со надеж дека во еден момент ќе ни се оддолжи. Сочувствуваме со неговото семејство и затоа нема да дозволиме случајот да се затвори“, стои во објавата на ОФКАТ.

Инцидентот се случи на почетокот на јули кога трите момчиња беа повлечени од морските струи кај Посиди на Халкидики. Потрагата по останатите двајца заврши со успех.

Марија Котовска