Свет

Во Иран уапсени членови на шпионска мрежа поврзана со Израел

28.07.2022 14:29

Властите велат дека членовите на мрежата собирале витални информации од Иран за Мосад во замена за финансиски награди...

Иранската полиција ги уапсила водачот и четворица членови на осомничена шпионска мрежа за која Техеран вели дека има врски со израелски разузнавачки служби.

Властите велат дека членовите на мрежата собирале витални информации од Иран за Мосад во замена за финансиски награди. Уапсените се осомничени и за ширење антиирански слогани и пропаганда.