Финансиска полиција
Пријави, претставки, обвинувања против Арафат Муареми
28.07.2022 17:19
Физичко лице поднело кривична пријава против директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми...

Физичко лице поднело кривична пријава против директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми.
Жител на Дебар го обвинил за злоупотреба на службена положба и овластување, малтретирање, насилство. Муареми препознава намерно инсценирани и неосновани напади, кои како што вели, доаѓаат од еден центар, за којшто во управата и во други институции се водат постапки.
По дописот до републичкиот обвинител Јовески, тој сега и до судскиот совет доставил претставка со барање одговорност од судијата кој на тимот на Рускоска му одобри претрес во просториите на управата, во врска со предистрага во којашто се проверуваат пријави против Муареми.
