884 позитивни од Ковид-19, петтмина починати
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.866 тестови, а регистрирани се нови 884 случаи на Ковид-19: Скопје – 359, Битола – 65, Куманово и Прилеп – по 46, Кавадарци – 44, Велес – 41, Охрид – 37, Тетово – 35, Струмица – 26, Штип – 25, Гостивар – 21, Струга – 20, Радовиш – 17, Кичево – 14, Неготино – 13, Гевгелија – 11, Ресен – 10, Дебар – 9, Кочани – 8, Крива Паланка – 7, Крушево – 6, Кратово – 5, Валандово – 4, Берово и Демир Хисар – по 3, Виница, Богданци, Македонски Брод и Дојран – по 2, Пехчево – 1.
Од вкупниот број на позитивни (884), регистрирани се 190 реинфекции.
Регистрирани се 745 оздравени пациенти од: Скопје – 324, Куманово – 75, Битола – 65, Кавадарци – 34, Велес – 30, Прилеп – 28, Охрид – 27, Тетово – 20, Штип – 18, Кичево – 16, Струмица – 14, Струга – 13, Гевгелија – 11, Неготино и Ресен – по 10, Радовиш – 8, Гостивар и Кочани – по 7, Крива Паланка – 5, Македонски Брод и Свети Николе – по 4, Дебар, Валандово и Демир Капија – по 3, Кратово – 2, Крушево, Берово, Демир Хисар и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (77г) во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, по едно од Струмица, Штип, Кочани и Гостивар. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.06 до 25.07.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.114.405 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 326.154, бројот на оздравени пациенти е 311.760, на починати е 9.368, а бројот на активни случаи изнесува 5.026.
