И Мемфис ќе игра НБА плеј – оф!
НБА ноќта исполнета со 10 натпревари ја реши и последната плеј – оф дилема, Мемфис го обезбеди осмото место во западната конференција откако во директниот дуел како гостин го совлада Феникс со 97:91. Најзаслужен за големата победа на „Гризлис“ беше Рендолф кој реализираше 32 поена и 9 скока. Одличен меч со 21 кош и само едно промашува од шест обиди за три поени имаше ветеранот Милер. Бадијала пет кошаркари на Феникс имаа двоцифрен ефект, Морис 21, Драгиќ и Фрај по 14, Бледсоу 13 и Пламли 12 поени.

НБА ноќта исполнета со 10 натпревари ја реши и последната плеј – оф дилема, Мемфис го обезбеди осмото место во западната конференција откако во директниот дуел како гостин го совлада Феникс со 97:91. Најзаслужен за големата победа на „Гризлис“ беше Рендолф кој реализираше 32 поена и 9 скока. Одличен меч со 21 кош и само едно промашува од шест обиди за три поени имаше ветеранот Милер. Бадијала пет кошаркари на Феникс имаа двоцифрен ефект, Морис 21, Драгиќ и Фрај по 14, Бледсоу 13 и Пламли 12 поени. По овој триумф Мемфис има биланс 49:32 којшто е недостижен за 47-те триумфи и 34-те порази на Феникс.
Како сопственик на псоледното место во доигрувањето, Мемфис ќе се соочи со најдобрата екипа во лигата, Сан Антонио. Втората позната плеј - оф двојка е исто така од „западот“, Хјустон – Портланд. Завршните 17 натпревари во наредните две вечери ќе го формираат конечниот распоред и пресметките од првото коло коешто ќе стартува на 19 април и ќе се игра во четири добиени.
Со оглед на тоа што позициите на некои екипи не можат да се променат, повеќето од нив ги штедат најдобрите кошаркари или пак не играат во полн ритам, па можеби затоа ноќеска имаше и резултати како Вашингтон – Мајами 114:93, Њу Орлеанс – Оклахома 101:98 и Хјустон – Сан Антонио 104:98. Перо Антиќ одигра 19 минути, реализираше по три поени и скока, две асистенции и една украдена топка во домашниот пораз на Атланта од Шарлот со 95:93. Во другите дуели: Филаделфија – Бостон 113:108, Торонто – Милвоки 110:100, Чикаго – Орландо 103:95, Јута – Лејкерс 104:119 и Голден Стејт – Минесота 130:120.
