Охрид
Силно невреме во Охрид
28.07.2022 18:58
Попладнево, нешто по 17 часот, Охрид беше зафатен од големо невреме, со силен ветер, дожд, град и грмотевици...

Попладнево, нешто по 17 часот, Охрид беше зафатен од големо невреме, со силен ветер, дожд, град и грмотевици. Бурата откорна кровна конструкција на станбена зграда.
Жителите од самото место велат дека лимот летал и до 200 метри, по што се оштетени повеќе други куќи, автомобил, откинати се и телекомуникациски кабли, а има и скршени гранки. За среќа, нема повредени.
