Пекинг

Кина му порача на Бајден: Не играјте си со оган

29.07.2022 09:45

Кинескиот претседател Си Џинпинг го предупреди американскиот претседател Бајден да не ги ескалира тензиите околу Тајван...

Кинескиот претседател Си Џинпинг го предупреди американскиот претседател Бајден да не ги ескалира тензиите околу Тајван.

Белата куќа соопшти дека САД цврсто се спротивставува на едностраните напори кои можат да го загрозат мирот. Во демократски управуваниот остров, Пекинг гледа отцепена провинција.

Во последно време доаѓа до зголемување на воените закани против Тајван. Џинпинг пак порачал дека меѓународната заедница се доведува во заблуда кога САД гледаат главен ривал во Кина.