Велика Британија

Трас: Ќе бидам најдобрата пријателка на Украина

29.07.2022 10:00

Рече дека ќе работи со сојузниците за да испрати повеќе оружје и хуманитарна помош во Украина и дека целосно ќе се посвет на тоа рускиот претседател Путин да не успее во Украина...

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас изјави дека ќе биде најдобра пријателка на Украина доколку стане нов премиер.

Рече дека ќе работи со сојузниците за да испрати повеќе оружје и хуманитарна помош во Украина и дека целосно ќе се посвет на тоа рускиот претседател Путин да не успее во Украина и да претрпи стратешки пораз.