Европските производители на автомобили во паника! Украинската криза им ги помати плановите

15.04.2014 14:17

Пазарот од 40 милиони купувачи за оваа година е изгубен поради украинската криза. Прашање е дали во криза ќе западне и рускиот пазар на кој се купуват по 3,2 милиони автомобили годишно...

Германските и Француските производители се во паника и ги следат вестите што секојденевно негативно се одразуваат со стотици непродадени автомобили. Рубљата девалвираше, а руските купувачи што од плата купуваат автомобили се за четвртина посиромашни од лани и ја одложуват намерата . Западните производители се плашат од одмаздата на Кремљ со поскапување на гасот кој што е двигател на германската индустрија. Во „Мерцедес“ немаат конкретна стратегија доколку се случи нешто позначајно, но според Бернард Стегреман тоа би било вистинско бизнис цунами. Тој се надева дека политичарите ќе најдар разумен излез од оваа криза.

Економскиот аналитичар Марк Галагер предупредува дека стуацијата може да се усложни  за вкупната автомобилска индустрија. Дури и да се произве одредена количина возила, нема пласман во Русија и во Украина, а подалечните дестинации ќе ја „изедат“ заработката-смета Галагер. Ако се воведат санкции за Русија дури три милиони работници во автомобилската индустрија ќе останат без работа, а освен големите компании, дел од цехот ќе платат и малите фабрики за авто делови низ Европа и на Балканот-сметаат аналитичарите.

Соња Стојановска