Македонија

РКЕ ќе ја објави новата цена на парното греење

29.07.2022 10:28

На прес-конференцијата, закажана во 13 часот, ќе се обрати претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кој ќе ги презентира одлуките од денешната седница во врска со цената на топлинската енергија...

Денеска ќе се знае колку ќе се зголеми цената на парното. Одлуката ќе ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика прес-конференција, закажана во 13 часот. Ако државата не најде начин како да интервенира, зголемувањето реално би требало да биде и до 150 проценти. Сепак, надлежните уверуваат дека се прави се да се ублажи ценовниот шок.

Последната корекција на цената на парното беше направена лани во декември кога поскапе за 14 насто. Тендерот за избор на фирма која треба да го врши снабдувањето од октомври сè уште не е објавен. Не се знае ниту дали и од каде ќе се обезбеди гас или пак топланите ќе работат на мазут.

Министерот Бектеши најави дека повикот ќе се објави деновиве. Рокот за избор на фирма е до крајот на септември.