Комисијата за заразни болести денеска на нова средба
Дали ќе има некакви Ковид мерки, ќе биде соопштено по состанокот. Иако беше најавено дека ќе бидат отворени 5 нови Ковид амбуланти, сè уште неизвесно кога ќе профункционираат...

Пред Комисијата за заразни болести повторно епидемиолошката состојба со Ковид-19.
Дали ќе има некакви Ковид мерки, ќе биде соопштено по состанокот. Иако беше најавено дека ќе бидат отворени 5 нови Ковид амбуланти, сè уште неизвесно кога ќе профункционираат.
Комисијата побара матичните лекари да бидат ангажирани, тие се спротивставија. Иако за над 50 проценти е зголемен бројот на новозаболени од Ковид-19, епидемиолозите смируваат-симптомите се лесни, а бројот на хоспитализациите е мал.
Епидемиолозите прогнозираат намалување на трансмисијата на вирусот кон крајот на летото.
