САД

Најмалку осум жртви од поплавите во Америка

29.07.2022 12:40

Се очекува бројот на настрадани да расте од час во час, соопштуваат локалните власти, кои поплавите ги оценија како најразорни и најсмртоносни во историјата на државата...

Најмалку осум лица ги загубија животите откако изобилните дождови предизвикаа поплави во Aмериканската сојузна држава Кентаки.

Се очекува бројот на настрадани да расте од час во час, соопштуваат локалните власти, кои поплавите ги оценија како најразорни и најсмртоносни во историјата на државата.

Голем број домови и автомобили се под вода, а патиштата се целосно поплавени. Многу жители побарале засолниште на покривот од својата куќа, чекајќи помош. Десетици луѓе биле евакуирани по воздушен пат.

„Немав време да извадам ништо од мојот дом, загубив сè што имав и тоа ми се случува вторпат. Не сум единствениот, ќе ни треба многу помош, ова е многу поголема поплава од претходната.

Поради климатските промени, се зголемува количината на водена пареа во атмосферата, што го зголемува ризикот од прекумерни врнежи, објаснуваат научниците.