Во Црна Гора повторно задолжително носење заштитни маски
Поради влошената епидемиолошка состојба со Ковид-19, Црна Гора реши повторно да ги врати заштитните маски. Во наредните две недели ќе бидат задолжителни во сите институции на јавната администрација, продавници за храна, аптеки, јавниот превоз и бензински пумпи...

Поради влошената епидемиолошка состојба со Ковид-19, Црна Гора реши повторно да ги врати заштитните маски. Во наредните две недели ќе бидат задолжителни во сите институции на јавната администрација, продавници за храна, аптеки, јавниот превоз и бензински пумпи.
Во Црна Гора двојно е зголемен бројот на новозаболени од Ковид-19, а расте бројот и на хоспитализирани лица.
Лекарите со апел до граѓаните да се вакцинираат против болеста. Задолжително носење заштитни маски воведе и Португалија.
