Свет

Пелоси ја почнува турнејата низ Азија, неизвесна посетата на Тајван

29.07.2022 12:50

Претседателката на американскиот конгрес Ненси Пелоси ја почнува посетата на Азија. Сè уште не е познато дали ќе отпатува и за Тајван...

Претседателката на американскиот конгрес Ненси Пелоси ја почнува посетата на Азија. Сè уште не е познато дали ќе отпатува и за Тајван.

Кинескиот претседател си Џинпинг го предупреди американскиот претседател Џо Бајден дека Пекинг е загрижен за можна посета на Пелоси, истакнувајќи дека Вашингтон треба да ја почитува политиката на Kина.

Бајден пак потенцирал дека американската политика кон Тајван е непроменета и оти Вашингтон силно се противи на едностраните напори за промена на статус-кво состојбата или за поткопување на мирот и стабилноста во тајванскиот теснец.