Ел класико без Роналдо и Пике

15.04.2014 14:35

Финалето на шпанскиот Куп на Кралот во Валенсија меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе биде осиромашено за најголемата ѕвезда на Реал Кристијано Роналдо и за дефанзивецот на Барса Џерард Пике.

Тренерот на мадриѓаните Карло Анчелоти обелодени дека Роналдо се уште чувствува последици од повредата, и не сака да ризикува, знаејки дека следната недела на програмата е полуфиналниот меч од Лигата  на шампионите со Баерн.

„ Да се играше овој дуел во друг термин можеби Кристојано ќе беше во составот можеби и незалечен. Вака, ризикот е многу голем, изјави Анчелоти.

И Барселона нема да биде комплетна, но тренерот Херардо Мартино е позагрижен поради лошата форма на екипата и незадоволството на некои играчи, пред се на Лео Меси, кој не сака да игра на крилната позиција.

Бранителот Пике сигурно ќе отсуствува поради повреда на грбот а неизвесен е и настапот на вториот дефанзивец Марк Бартра. Најверојатно е сигурен капитенот Карлес Пујол, кој можеби ќе го одигра последниот натпревар за Барселона зашто на крајот на сезоната си заминува од клубот.

Финалната пресметка од Купот се игра утре од 21.30 на стадионот Местаља во Валенсија, каде што Реал во 2011-та победил во последниот меѓусебен двобој во  продолжението со 1-0. Барселона е најтрофејна со 26 пехари во Купот на Кралот, Атлетико Билбао има 23, додека Реал Мадрид бил победник 18 пати.

Лани Куп трофејот го подигна Атлетико Мадрид со триумф на Сантијаго Бернабеу над Реал по продолженијата со 2-1.