Македонија

Антикорупциска: Аларм до Владата за буџетските пари

29.07.2022 13:22

Договорот меѓу Фондот за здравство и клиниките „Жан Митрев“ и „Систина“ не е врз основа на јавно приватно партнерство, став на антикорупционерите. Бараат од Министерството за здравство да го подобри законското решение со што сите здравствени установи ќе имаат лиценци...

Антикорупционерите ќе го алармираат кабинетот во Владата за добро управување особено со буџетски средства за состојбите со детската кардиохирургија која од 2019-та година премина во приватно здравство.

Тие констатирале дека договорот меѓу Фондот за здравство и приватната клиника „Жан Митрев“ и „Систина“ не е на основа на јавно приватно партнерство. Иако, државата потрошила големи пари на лекарите и нивните тимови за операциите, сепак тие лекари од клиниката „Жан Митрев“ преминале во „Систина“ и сега за операциите повторно граѓаните трошат пари, велат во Комисијата. Нивните препораки се Министерството за здравство да се заложи за подобрување на законското решение со што сите здравствени установи ќе имаат лиценци.

Комисијата со предупредување до политичарите да престане праксата на докажување на партиска или етничка припадност при вработувањата. Откако работеа на предметот со кандидати, коишто за да се вработат се изјасниле лажно како припадници на етничка заедница.

Антикорупционерите ќе поднесат иницијатива до обвинителството за злоупотреби сторени од градоначалникот и советниците од општина Илинден за доделување на земјиште и за изградба на објект на градоначалникот на Ново Село.

Фиљана Кока