Здравство

КЗБ не препорача нови ковид мерки

29.07.2022 14:29

Од Комисијата за заразни болести нема препорака за рестриктивни мерки. Епидемиолошката состојба со Ковид-19 била стабилна. Во Македонија нема регистриран случај на мајмунски сипаници, вели министерот за здравство Сали. Институтот за јавно здравје располага со валидни и релевантни тестови за дијагностицирање на вирусот…

Комисијата за заразни болести не препорача нови мерки за заштита од коранвирусот.

„Иако секојдневно се регистрираат речиси по илјада новоинфицирани, во болниците во државата се хоспитализирани помалку од стотина пациенти со Ковид – 19. Скопје е жариште во црвена фаза, но според оптовареноста на системот е во жолта“, рече министерот Сали.

Иако во регионот се шири заразата, засега во Македонија нема регистриран случај на мајмунски сипаници, информираше министерот за здравство.

Болниците ќе се преадаптираат и реновираат, сè додека не се создадат услови за изградба на нов Клинички центар, истакна министерот Сали. Додаде дека тоа за него е приоритет број еден, но тоа е комплексен проект кој бара неколку решенија меѓу кој и финансискиот дел.

Наташа Јанчиќ Менковски