Берлускони ја отслужува казната со општествено корисна работа

15.04.2014 14:38

Италијанскито суд реши дека бившиот премиер Силвио Берлускони едногодишната казна за затајување данок мора да ја отслужи со општествено корисна работа...

Берлускони барем еднаш неделно мора да посети дом за стари и немоќни-пресуди судот во Милано. Покрај тоа, забраното му е патување надвор од Ломбардија, каде што има живеалиште, освен до Рим од вторник до четврток. 

Во пресудата не е прецизирано дали Берлускони ќе може да води кампања за својата партија „Форца Италија“ спроти изборите за Европскиот парламент наредниот месец.

Берлускони првично беше осуден на 4-годишна затворска казна како виновен за комплицирано, системски обмислено  затајување данок на неговата компанија Фининвест.

Казната е преиначена на една година општествено корисна работа.

Соња Стојановска