Енергетика

Од понеделник поскапо парно за 14,18 проценти

29.07.2022 15:20

Од понеделник за 14,18 насто повисоки сметки за парно греење во скопје. Регулаторите апелираат да се штеди. Топлинската енергија невреме ќе се испорача, смируваат од Владата...

Од први август за 14,18 проценти ќе поскапи парното греење за 55 илјади домаќинства-одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Единствена причина вели Бислимовски за зголемување на цената е континуираното поскапување на природниот гас, за 10 пати споредбено со лани.

Во грејната сезона ТЕ-ТО треба да обезбеди 70 проценти од потребната топлинска енергија за потрошувачите, само 30 насто да биде од топланите. Првиот човек на регулаторна вели ако не се оствари проектираното не се увезат потребните количества на природен гас за производство на енергија цената би се зголемила за 100 проценти, а во опција ќе мора да влезе користењето на мазутот за греење, голем загадувач …

Откако Регулаторна ги одзема лиценците на БЕГ, сега ЕСМ е задолжена за испораката, но од Владата убедуваат, на граѓаните навреме ќе им биде испорачана топлинската енергија.

Нови цени добива и железарското парно за 15,5 проценти , а домаќинствата приклучени на топланата Скопје-Север ќе имаат за 16 насто повисоки сметки 

Апел од Регулаторна до државните институции и домаќинствата во грејната сезона да се штеди, еден степен намалување на температурата ќе обезбеди заштеда од пет насто.

Сузана Фиданска Стоевска