Здравство

855 нови случаи со Ковид-19, починати две лица

29.07.2022 16:13

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 327.009, бројот на оздравени пациенти е 312.443, на починати е 9.370, а бројот на активни случаи изнесува 5.196.

Во последните 24 часа направени се 1.602 тестови, а регистрирани се нови 855 случаи на КОВИД-19: Скопје – 347, Битола – 77, Куманово – 55, Тетово – 45, Прилеп – 43, Кавадарци – 38, Велес, Охрид и Штип – по 26, Струмица – 25, Кичево – 22, Гостивар – 17, Свети Николе – 14, Кратово – 11, Кочани – 10, Гевгелија – 9, Неготино – 8, Крива Паланка и Демир Хисар – по 7, Ресен, Радовиш , Берово и Валандово – по 6, Струга – 5, Дебар и Виница – по 3, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Капија – 1. Од вкупниот број на позитивни (855), регистрирани се 189 реинфекции.

Регистрирани сe 683 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа  не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се  регистрирани  две починати лица, по едно починато лице од Битола (85г) и Кочани (71г), двете лица се починати во болнички услови, лицата за починати се пријавени во период од 22.07-27.07.2022 година.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 327.009, бројот на оздравени пациенти е 312.443, на починати е 9.370, а бројот на активни случаи изнесува 5.196.

Досега во земјата се направени вкупно 2.116.007 тестирања на КОВИД-19.