Руен се продава по електронски пат
Со продажбата по електронски пат ќе се обезбеди поголема транспарентност во постапката и ќе се забрза продажбата на имотот, вели вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски...
Вчера се одржа првата аукција за продажба на Руен,фирма во стечај повеќе од една година. За стечајниот имот понудена била сума од еден милион и пол евра која била и највисока и најприфатлива понуда.
Со продажбата по електронски пат ќе се обезбеди поголема транспарентност во постапката и ќе се забрза продажбата на имотот, вели вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
По електронски пат ќе се продаваат и фирмите од новите стечаи и објектите кои не се целосно изградени.
Се очекува во наредниот период да бидат обештетени доверителите и во случјот „Фиком“ и „Самарија“.
Досега се поднесени и 164 барања за утврдување на правен статус на 1.224 објекти кои претставувале пречка за продажба и заклучување на стечајната маса.
Електронската продажбата ќе биде лимитирана до три пати, по што имотот ќе се распределува на доверителите на идеални делови. Досега се затворени 18 од вкупно 313 постапки.
Дијана Ценевска
