Дипломатија

МНР ја објави официјалната потпишана верзија од Протоколот со Бугарија

29.07.2022 16:48

Протоколот, на 17-ти јули во Софија го потпишаа шефовите на дипломатијата на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска.

Министерството за надворешни работи денеска ја објави официјалната потпишана верзија од Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија. 

Протоколот, на 17-ти јули во Софија го потпишаа шефовите на дипломатијата на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска.

Потписот на министрите Османи и Генчовска врз документот, кој воедно е записник од втората седница на Мешовитата македонско-бугарска комисија, се смета за отворање на патот кон почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.