ВМРО-ДПМНЕ: Народот ќе плаќа над 300 денари повеќе за парно месечно
Денешната одлука на РКЕ за поскапување на парното за скоро 15% е резултат на неспособноста и крадењето на Ковачевски да обезбеди поевтин гас за потребите на државата, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Заради неспособноста и крадењето на Димитар Ковачевски народот ќе плаќа над 300 денари повеќе за парно месечно. Денешната одлука на РКЕ за поскапување на парното за скоро 15% е резултат на неспособноста и крадењето на Ковачевски да обезбеди поевтин гас за потребите на државата, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Велат дека ова покачување значи околу 4.000 денари повеќе за парно за еден двособен стан, а и над 6.000 денари повеќе за семејствата со трособен или поголем стан.
Со СДСМ и Димитар Ковачевски зимата ќе биде долга и тешка, а народот ќе ја плаќа нивната неспособност и криминал, стои во соопштението.
