Македонија

Шпанскиот премиер Санчез в недела во Скопје

29.07.2022 17:37

Шефот на шпанската влада од денеска е во дводневна посета на Србија, во рамките на турнејата во која ќе посети уште четири земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија.

Шпанскиот премиер, Педро Санчез- Кастехон в недела е во еднодневна посета на Македонија.

Шефот на шпанската влада од денеска е во дводневна посета на Србија, во рамките на турнејата во која ќе посети уште четири земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија.

Санчез ќе има одвоени средби со претседателот Пендаровски и со премиерот Ковачевски. Според најавите од Мадрид, целта на средбите на шпанскиот премиер е забрзување на евроинтегративниот процес во регионот.