Царината е подготвена за влез во ЕУ
15.04.2014 14:57
Македонската Царина денеска прослави 22 години работа...

Со професионализмот и воведените стандарди во работењето, Царината е подговена за влез во Европската унија. По ефикасноста, транспарентноста и доверливоста е препознатлива и во меѓународни рамки. Македонската Царина денеска прослави 22 години работа.
„Не препознаваат како служба која е способна да ги олеснува економските активности, успешно да ги спроведува економските политики на Владата, да ги штити економските и фискалните интереси и да ги штити интересите на граѓаните“, изјави директорката Наташа Радеска-Крстевска, на денешната свеченост.
Ова, според неа, е доволен поттик и во иднина да продолжат да работат уште попосветено во насока на зголемување на конкуретноста на македонската економија преку понатамошно олеснување и забрзување на царинските постапки и намалување на трошоците за компаниите.
Царинската управа е основана на 14 април 1992 година како државен орган на управата преку донесувањето на Законот за царинска управа од страна на Собранието на Република Македонија.
