ИН МЕМОРИАМ

Почина д-р Берта Романо Николиќ, претседателка на Еврејската заедница во земјава

29.07.2022 19:13

Берта Романо Николиќ ќе остане запаметена по битката со семитизмот и дискриминацијата во македонското општество.

На 72-годишна возраст почина д-р Берта Романо Николиќ, претседателка на Еврејската заедница во Македонија.

Секогаш пријатна личност, со својот труд придонесуваше во развојот и негувањето на културата и на традициите на Евреите во земјава, со особено зачувување на спомените од холокаустот.

Нејзиното мото беше: без сеќавања нема иднина. Берта Романо Николиќ ќе остане запаметена по битката со антисемитизмот и дискриминацијата во македонското општество.