Партии

СДСМ: Мицкоски со Апасиев станаа едно, здружени против ЕУ

30.07.2022 09:42

Мицкоски и Апасиев заедно работеа на дестабилизација на државата, заедно ширеа лажни вести и хистерија, заедно креираа крвави сценарија што не им успеаја...

Христијан Мицкоски со своето анти ЕУ и анти НАТО дејствување остана сам и изолиран. Единствената поддршка што ја има е од неговиот партнер Димитар Апасиев и неговата проруска партија Левица, соопштуваат од СДСМ.

Мицкоски и Апасиев заедно работеа на дестабилизација на државата, заедно ширеа лажни вести и хистерија, заедно креираа крвави сценарија што не им успеаја. Никој повеќе не верува во лагите на Мицкоски уште помалку некој го поддржува во идејата за референдум која служи само за негова лична, внатрепартиска употреба, велат од партијата.

По којзнае кој пат, Мицкоски одбра да се стави на спротивната страна од државните и националните интереси, на погрешната страна на историјата- стои во соопштението.