Партии

ВМРО- ДПМНЕ: Заради Ковачевски народот ќе плаќа поскапо парно и струја

30.07.2022 09:46

Ковачевски не обезбеди евтин енергенс, како што тоа го направија другите европски држави. Претходно пред само еден месец заради истите причини се покачи цената на струјата...

Заради Ковачевски народот ќе плаќа поскапо парно и струја, над 1.000 денари повеќе секој месец за овие две давачки, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски не обезбеди евтин енергенс, како што тоа го направија другите европски држави. Претходно пред само еден месец заради истите причини се покачи цената на струјата, за околу 18% за најголемиот број домаќинства, и 138% за тие кои се греат на струја. Заради Ковачевски секое нормално домаќинство плаќа скоро 1.000 денари повеќе за струја, а тие што се греат на струја допрва ги очекува шок за време на грејната сезона, велат од партијата.

Струјата, исто како и парното поскапи, затоа што власта е неспособна и краде. Со СДСМ и Ковачевски народот ќе плаќа се поскапи сметки, а снабденоста е под знак прашалник, стои во соопштението.