Свет

Во Шпанија прв смртен случај од мајмунски сипаници во Европа

30.07.2022 10:18

Досега во Шпанија се пријавени 4.298 случаи на мајмунски сипаници, покажуваат податоците на Националната мрежа за епидемиолошки надзор.

Шпанија го потврди првиот смртен случај од мајмунски сипаници во земја, што е прв смртен случај во Европа и втор надвор од Африка.

Досега во Шпанија се пријавени 4.298 случаи на мајмунски сипаници, покажуваат податоците на Националната мрежа за епидемиолошки надзор. Од 3.750 случаи за кои има информации, 120 се хоспитализирани, што е 3,2 отсто, а едно лице починало што е официјално првиот смртен случај од мајмунски сипаници во земјата.

Претходно Бразил го пријави првиот смртен случај од мајмунски сипаници надвор од африканскиот континент. Станува збор за 41-годишен маж, кој, како што соопшти бразилското Министерство за здравство, боледувал и од лимфом и имал ослабен имунолошки систем.