Двојно зголемени интервенции во итната помош
Жешкото време повеќе од двојно ги зголеми интервенциите на прилепската итна помош, а ситуацијата ја отежнува што над половината се со симптоми и на корона вирус. Летово загрижувачки зачестија каснувања од змија…

Повеќе од двојно се зголемени интервенциите на прилепската итна помош која води грижа за преку 100.000 жители од rегионот. Хроничните болни се со зајакнати симптоми, а засиленото враќање на корона вирусот ја усложнува ситуацијата.
Во ова жешко време кога главно сите се на отворено, загрижувачи е бројот на каснати од змија. Речиси секој втор ден има потреба од лекарска помош, има и хоспитализации.
Во болницата и во итната помош потсетуваат на одговорноста на граѓаните - при прегледите задолжително да носат заштитни маски. Итната помош останува со недостигот на лекари иако во август службата ќе се пресели во нови простории во рамките на болницата. Има 9 лекари од кои две третини се со над 60 години, а потребни се барем петнаесет.
Елизабета Митреска
