Русија обвинува дека Украина гранатирала затвор во кој биле заробените членови на Азов
Од друга страна Украина ја обвинува Русија дека го извршила нападот и бара меѓународните институции да отворат истрага.

Русија обвинува дека Украина гранатирала затвор во кој биле држени заробените членови на Азов. Како што изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин зад нападот во затворот Јеленовка стојат украинскиот претседател Зеленски и Соединетите Американски Држави.
Од друга страна Украина ја обвинува Русија дека го извршила нападот и бара меѓународните институции да отворат истрага.
Според тврдењата на проруските сепаратисти во источна Украина, 53 украински борци од Азов биле убиени при гранатирањето. Украина тврди дека Русија го извешила нападот за да ги прекријат убиствата и мачењата на воените заробеници.
Во видео обраќање претседателот Зеленски ја обвини Русија за тероризам.
