Здравство

Зголемен бројот на заразени деца со Ковид-19 во Струмица

31.07.2022 10:29

Лекарите велат дека иако со поблага клиничка слика, сепак забележано е зголемување на бројот на деца кои се позитивни од вирусот во југоистокот. Бараат да се почитуваат препораките од надлежните институции.

Овој пат во статистиката на зголемена бројка од ковид позитивни се и децата. Д-р Катерина Кузмановска, директор на струмичката болница вели дека забележан е зголемен број позитивни случаи на Ковид-19 кај децата, генерално се со полесна клиничка слика, но оние со компликации се препраќаат во скопските клиники, односно во Клиниката за белодробни заболувања – Козле.

Струмица во последното деноноќие регистрираше 26 нови позитивни случаи и едно починато лице како последица од вирусот. Лекарите и понатаму со апели до граѓаните за носење маска во затворена просторија на јавно место.

Ковид- протоколите во предучилишните установи во земјава престанаа да важат во месец мај, но во моментов сè уште е задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и центрите за нега на стари лица и лица со посебни потреби.

Стојне Митева