Мицкоски: Подготвени сме за нова лидерска средба за да го утврдиме референдумското прашање
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, потврди дека се за задолжителен референдум и оцени дека ако власта одлучи да не го бојкотира, и формално правно ќе биде успешен. Мицкоски очекува поддршка и од шефот на државата Пендаровски кого го повика да излезе со став во јавноста и да гласа според сопствено убедување...

Подготвени сме за нова лидерска средба за да го утврдиме референдумското прашање, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека неговата партија и стои на располагање на владата за да разговараат на оваа тема.
Тој потврди дека се за задолжителен референдум и оцени дека ако власта одлучи да не го бојкотира, и формално правно ќе биде успешен. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ очекува поддршка и од шефот на државата Пендаровски кого го повика да излезе со став во јавноста и да гласа според сопствено убедување.
Мицкоски рече дека неговата партија нема да го поддржи заемот од 100 милиони евра сè додека не се утврди на што се потрошени парите на граѓаните од претходната кризна состојба.
Мицкоски смета дека власта ја злоупотребува енергетската кризна состојба и договарала тендери во четири очи поради што сега граѓаните треба да плаќаат по 120 евра повеќе за затоплување на нивните домови, согласно новите тарифи за парно греење.
Анита Димитријевска Велковска
