СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, а референдумот му е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ
Според партијата, референдумот кој го најавува Мицкоски, а за кој не ја знае ниту формата, ниту пршањето служи само за лична внатрепартиска употреба.

Кристално јасно е дека Христијан Мицкоски е против членството во ЕУ и сите негови активности се насочени исклучиво против ЕУ. Впрочем и самиот Христијан Мицкоски јавно кажа дека е против Европската унија. Мицкоски стана едно со Димитар Апасиев, ВМРО-ДПМНЕ стана едно со Левица, проруска партија која е против НАТО и ЕУ, реагираат од владејачката СДСМ.
Според партијата, референдумот кој го најавува Мицкоски, а за кој не ја знае ниту формата, ниту пршањето служи само за лична внатрепартиска употреба. Референдум против македонски јазик во ЕУ, против преговори со ЕУ, против ЕУ не може да успее, стои во соопштението.
