Кошарка

Македонските кошаркари ќе играат со Црна Гора

30.07.2022 18:58

Македонската најсилна репрезентација во август ќе ги почне претквалификациите за Европското првенство во 2025-та, а по откажувањето на турнирот во Литванија, новиот селектор Александар Јончевски ќе тестира на пријателски натпревар со Црна Гора...

Во кошарката летните активности се и во сениорски рамки. Македонската најсилна репрезентација во август ќе ги почне претквалификациите за Европското првенство во 2025-та, а по откажувањето на турнирот во Литванија, новиот селектор Александар Јончевски ќе тестира на пријателски натпревар со Црна Гора во Бар на 16-ти наредниот месец.

Девет дена потоа Македонија ќе гостува во Данска, па ќе ја пречека Словачка. Во групата од првиот степен на патот кон континенталниот собир е и Норвешка.