Шпанскиот премиер Санчез попладнево во Скопје на средби со Ковачевски и Пендаровски
Посетата на Македонија е дел од турнејата на Санчез низ земјите од Западен Балкан – Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија...

Премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон попладне ќе пристигне во еднодневна официјална посета на Македонија. Најавени се средби со премиерот Ковачевски и со претседателот на државата Пендаровски. На агендата македонските евроинтеграции.
Посетата на Македонија е дел од турнејата на Санчез низ земјите од Западен Балкан – Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.
Кабинетот на шпанскиот премиер соопшти дека Санчез ќе ги охрабри сите балкански земји да ги спроведат неопходните реформи што ќе им овозможи да го забрзаат приклучувањето во ЕУ и ќе им пренесе дека можат да сметаат на Мадрид за време на шпанското претседателство со Унијата во втората половина на 2023-та година.
