Свет

Во Њујорк прогласена епидемиолошка вонредна состојба поради мајмунски сипаници

31.07.2022 09:58

Според градоначлникот Ерик Адамс, околу 150.000 лица се изложени на ризикот од оваа болест.

Во Њујорк прогласена епидемиолошка вондредна состојба поради мајмунски сипаници. Според градоначлникот Ерик Адамс, околу 150.000 лица се изложени на ризикот од оваа болест.

Прогласувањето вонредна состојба ќе им овозможи на властите да издаваат регулативи насочени кон забавување на ширењето на заразата.

Според последните статистики, во државата Њујорк има 1.345 заразени, од кои 1.289 се во главниот град. Втора држава според бројот на заразени е Калифорнија, со 800 случаи.