Лекари во Полска поткупени од британска фармацевтска компанија

15.04.2014 15:19

11 полски лекари се осомничени за корупција, како и претставникот на фармацевтската компанија Глаксо- Смит- Клајн (ГСК) во Полска...

Јавното обвинителството во Лоѓ повело истрага за случајот откако еден функционер на ГСК признал дека им давал пари на лекарите за да го препишуваат нивниот лек против астма, но со цел да се промовира лекот во Полска. Им давале по 120 евра, но за возврат лекарите морале да им докажат со повеќе од сто препишани рецепти  со лекови од ГСК.

Од седиштето на компанијата во Лондон потврдиле дека едно лице е веќе  санкционирано. Доколку се потврдат обвинувањата, британската компанија Глаксо- Смит- Клајн може да се соочи со дополнителни обвинувања за прекршување на законите на матичната земја и во САД, каде што е забрането една компанија со седиште во друга земја да дава поткуп на владини лица и функционери во странство.

Соња Стојановска