Крушево подготвено за Илинден
Со пораки за достојно чествување на илинденската епопеја и историските традиции, Крушево подготвено за прослава на големиот Илинден. Крушевчани и посетителите со носталгија го посакуваат заедничкото славење за да не се заборават големите илинденски придобивки…

Крушево раздвижено и подготвено да празнува. За големиот Илинден капацитетите полни, посетители од цела Македонија, параглајдеристи и од странство. Градот сака достоинствено да ги одбележи 119-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република.
И крушевчани и посетителите со пиетет за празникот, но и носталгија за поранешните прослави кои сакаат да се вратат и да обединат.
Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, најавена со богата програма, на Гумење на први август ќе го крене бајракот на Републиката и ќе ги испрати илинденските пораки во современото живеење.
Историско Крушево испрати покана до сите достоинствено да се празнува Илинден.
Елизабета Митреска
