Македонија

Рехабилитацијата на битолските улици според предвидената динамика

31.07.2022 10:17

Во Битола проектот за изградба, рехабилитација и реконструкција на 23 улици оди според предвидената динамика. Од локалната самоуправа најавуваат дека се работи на утврдување на планот за идната градежна сезона со кој ќе бидат опфатени нови 30 улици.

Првата половина од градежната сезона покажува дека имплементацијата на проектот изградба, рехабилитација и реконструкција на 23 битолски улици чија вкупна должина изнесува околу 11 километри оди според утврдените рокови. Досега целосно се обновени 12 локални делници. Во моментов се работи на седум улици, а во периодот што следи ќе бидат опфатени и преостанатите четири улици. Градоначалникот Коњановски вели интервенциите се одвиваат според потребите.

И покрај тоа што на граѓаните примарна преокупација им е економската и енергетската криза, велат дека е добро кога на некои локации се забележува градежната механизација.

Фактот што веќе е готов кракот во селото Логоварди, патот за Трново е во завршна фаза, а деновиве започна темелната реконструкција на патот за селото Брусник, говори дека во годишните планови место има и за обновување на патната инфрастуктура кон селата, вели битолскиот градоначалник. Вистинската градежна офанзива ја најавува за идната година.

Коњановски вели дел се во изработка на проектна документација, а за дел во тек е постапките за издавање на дозволи за градби.

Стевче Митревски