Свет

Истрага за смртта на над 50 укарински заробеници

31.07.2022 10:40

Од Црвениот крст информираа дека побарале пристап до затворот со цел да помогнат со евакуација и помош на повредените.

Украина и Русија побараа од Обединетите нации и Црвениот крст да ја истражат смртта на над 50 украински заробеници за кои Киев тврди дека загинале во руски напад врз затворот во Оленивка.

Од Црвениот крст информираа дека побарале пристап до затворот со цел да помогнат со евакуација и помош на повредените.

Украина вели – затворот е уништен од Русија во обид да се скријат доказите за тортура и убиства. Русија пак тврди дека затворот бил погоден од украински ракети.