Куманово

Сè поголем број граѓани имаат несоница

31.07.2022 11:28

Сè поголем е бројот на граѓани кои бараат лекарска помош поради несоница. Од кумановската болница информираат дека совет за овој проблем бараат помлади, но и повозрасни лица. Здравствените работници препорачуваат консултации. Апелираат да се не користат лекови на своја рака.

Значаен број граѓани сè почесто имаат проблем со несоница. Од кумановската болница информираат дека млади, но и повозрасни лица, бараат совети, бидејќи имаат проблеми со недостаток на сон. Стручните лица појаснуваат дека причините можат да бидат различни, но влијание може да има и пост и тековната ковид состојба. Нагласуваат дека несоницата е првиот симптом, кој покажува дека можеби настанало пореметување на психичкото здравје.

„Едно е проблеми при заспивање, на што најчесто се жал луѓето, потоа будењето во текот на ноќта или отежнато продолжување на сонот како и рано станување. Обично е резултат на зголемена анксиозност и на оптеретеност и појава на други пропратни симптоми, опсесивни мисли, пад на расположението“, вели Адриана Богдановска Тоскиќ, психијатар Општа болница Куманово.

Здравствените работници појаснуваат дека пристапот на лекувањето на несоница може да биде различен, зависно од она што ќе се дијагностицира.

„Првото нешто е хигиена на телото, подоготовка за спиење, а потоа ако тоа нема успех тогаш применуваме лекови. Во зависност од што се должи и каква е широка е лепезата на лекови, може и природни препарати, па се до антипсихотици во мали дози“, дополни Богдановска Тоскиќ.

Здравствените лица апелираат да не се земаат лекови на своја рака, туку тоа да се врши исклучиво во консултација со лекари.

 

Елена Георгиевска